Карпошани повторно излегоа на протест против донесениот ДУП

од desk3
103 прегледи

Жителите на општина Карпош денеска во 12 часот повторно излегоа на протест против Деталниот урбанитички план за кој велат дека е донесен сомнително и нетранспарентно.

protest-karpos1

Тие половина час го блокираа сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“ на крстосницата кај трговскиот центар „Скопје Сити Мол“.

Незадоволните граѓани и минатата сабота го блокираа булеварот и најавуваат дека ќе протестираат се додека не се изменат урбанистичките планови и не се спречи уништувањето на зеленилото во нивната населба.

 

МЕТА