(ВИДЕО) Шефови на мафијата со години се криеле од полицијата во подземен бункер

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Италијанската полиција објави видео од апсењето на двајца шефови на италијанската мафија од кланот Ндрангета, кои со години се криеле во подземен бункер.

20160131.aeqkownyjo
Тајното живеалиште се наоѓало на периферијата на градот во Калабрија.

Во густите лозови грмушки полицајците откриле камуфлиран бункер во кој се криеле криминалците. Во текот на претресот таму бил пронајден импресивен арсенал на огнено оружје и муниција.

3200

Уапсените криминалци, од кои едниот се криел скоро 20 години, во отсуство биле осудени на долгогодишни казни затвор за убиства, изнуда и организирање на криминална група.
мафијашкиот клан Ндрангета се смета за еден од највлијателните во Италија. Организацијата е изградена на воен принцип. Членовите на бандата ја контролираат трговијата со дрога во Европа.

https://www.youtube.com/watch?v=_MYeO6Lr5Y4