Турција соопшти за ново прекршување на нејзиниот воздушен простор од руски авион

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Турција објави дека на 29 јануари руски авион Су-34 го нарушил воздушниот простор на земјата.

авион

Министерството за надворешни работи на Турција објави дека на 29 јануари руски авион Су-34 го нарушил воздушниот простор на земјата. Во соопштението, цитирано од агенциите, се вели дека турските радарски станици напати на руски и на англиски јазик го предупредувале рускиот авион. Вечерта, на 29 јануари, амбасадорот на РФ беше повикан во Министерството и му  беше изразен остар протест и осуда на она што се случило, се вели уште во соопштението, без да се прецизира каде се случило нарушување на турскиот воздушен простор.