Последните 25 години убиени се 2 297 новинари

од Vladimir Zorba
81 прегледи

“Последните десет години беа најопасни за новинарите”, истакна генералниот секретар на федерацијата Ентони Белнџер.29359

Најмалку 2 297 новинари се убиени во последните 25 години додека ги извршувале своите обврски да  информираат за војните во светот, криминалот и корупцијата. Ова се вели во извештајот на Меѓународната новинска федерација. Во документот се нагласува дека убијците остануваат неказнети и дека само 10 проценти од злосторствата се испитуваат од страна на надлежните органи. Во 1990 година, кога за првпат беше објавен бројот на убиените новинари во светот, нивниот број беше 40. По 2010 година секоја година загинуваат најмалку сто новинари, пишува во извештајот, кој се очекува да биде објавен следната недела.

“Последните десет години беа најопасни за новинарите”, истакна генералниот секретар на федерацијата Ентони Белнџр и појасни дека во 2006-та година биле убиени 155 новинари. Во Ирак загинале најмногу новинари за последните 25 години – 309. Убиствата нагло се зголемуваат по американската инвазија во 2003-та, пишува во документот. Филипините и Мексико се посочуваат како најопасните земји за работата на новинарите. Во изминатата година се убиени 112 новинари. 12 од нив беа убиени од џихадисти при нападот на француското списание “Шарл Ебдо”.