Ракометарите на Хрватска го освоија бронениот медал на Европското првенство во Полска, откако во малото финале остварија убедлива победа од 31:24.

hrvatska-klupa-polska

Започна изедначено дуелот, се до 6:6, кога со серија од 5:0, Хрватска дојде до предност од 11:6, и да ја задржат предноста се до полувреме каде имаа 15:11.

Норвешка успеа да се врати целосно во средбата, па изедначија на 17:17, по десет минути игра во вториот дел, и се држеа се до негатива од 21:22, кога Хрватска со серија од 6:0 имаше 28:21 и до крајот само ги поставија најубедливите седум голови предност.

Најефикасен кај Хрватска во оваа средба беше Златко Хорват со 8 погодоци, Дувњак постигна 6, додека по четири имаа Штрлек и Мариќ. Кај Норвешка најефикасен беше Сагосен со 5 погодоци.

Слични содржини