Турскиот писател Орхан Памук ја обвини Европската унија дека поради кризата со мигрантите и борбата против “Исламска држава” манифестира попустливост кон вмешување на Анкара во правната држава, пренесе Франс прес.
“Тие (Европејците) ги заборавија сите вредности. Гледаат на нас, како некогаш што гледаа на Саудиска Арабија: штом (Турците) прават што сакаме, какво значење има што прават дома”, изјави добитникот на Нобеловата награда за литература за 2006 година во интервју за весникот “Хуриет”.
Писателот наведува дека борбата против групата “Исламска држава” и миграциска криза – две искушенија со кои ЕУ не може да се справи без Турција – “и ги врзува рацете на Европа”.
На крајот на ноември минатата година Анкара и Брисел потпишаа “акционен план”, кој предвидува доделување на 3 милијарди евра на турските власти во замена за нивната обврска да ги контролираат подобро границите и да се борат со шверцерите на луѓе. Во рамките на договорот Брисел се согласи да го обнови дискусиите за пристапување на Турција во ЕУ, прекинати подолго време поради неколку проблематични теми, вклучително и правата на човекот.
Критичарите на исламска-конзервативната влада на претседателот Ердоган го обвинуваат дека се обидува да ги замолчи сите критични гласови во Турција, остварувајќи уште посилен притисок врз медиумите.
Турската правда во средата побара доживотен затвор за двајца опозициски новинари поради статија во која го обвинуваат режимот дека доставувал оружје на сириските исламисти.
Јас би рекол: “Нека зборуваат единствено за литература”, но тоа веќе не е можно. Човек не може да седи и да пишува роман, додека новинар како Џанг Дјундар е во затвор, истакна Памук.
