Министерот на Меркел, Михаел Рот доаѓа да види што се случува во Македонија

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Како што беше најавено германската канцеларка Ангела Меркел го испрати својот државен  министер, надлежен за Европа, во Министерството за надворешни  работи  на  Германија, Михаел Рот денеска и утре да истражи и види со директни средби што се случува со Македонија.430x347

– Тој  главно треба да се информира за внатрешнополитичката состојба, за блокираноста на процесот и најавените избори, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници на Владата и опозицијата, граѓанското општество и невладини организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, Ромската популација и ЛГБТИ-заедницата во Македонија, соопшти Германската амбасада во Скопје.

Предвидено е државниот министер Рот да учествува и на јавна дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.