Младите бегаат и од Турција-Нов бран на одлив на мозоци

од Vladimir Zorba
142 прегледи

 

 

Властите се обидуваат да преземат некои мерки за да ја сопрат миграцијата на квалификувана работна сила во демократските држави кои нудат неограничени можности за развој на науката за богатството на човештвото. 20140216-iselenici

Притисокот со кои всушност се соочуваат илјадници академици, кои ги повикуваат властите во Турција за мир и да биде ставен крај на теророт, покажува постепено намалување на границите на слободата на изразувањето, кој е основен услов не опходен за спречување на одливот на мозоци.

И покрај тоа што одамна репресивната политика страховладение во Турција, писателот Орхан Памук, добитникот на Нобеловата награда за литература, ни создаде чувство на национална гордост. Но заради изјавите по прашањето со ерменскиот и курдскиот проблем, Памук всушност не е толку ценет кај ешалоните на власта.

Но дали тоа се случува сега? Како по правило, успешните луѓе родени во Турција и добиле светско признание, се соочуваат со притисок и дискредитација во својата земја затоа што решаваат да ги одбранат демократските принципи.

Политичката клима продолжува да им пречи на нашите луѓе да придонесуваат за прогресот на земјата.

Режисерката од турско потекло, Дениз Гамзе Ерѓувен годинава е номинирана за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, од Франција. Нејзиниот филм „Мустанг“ беше направен со финансиска поддршка на француската, а не на турската влада. Во интервју дадено на 21 јануари, Ерѓувен подвлече: „Немаше да можам да го направам тој филм во Турција“. Причината за тоа е едноставна. Ако се обрне внимание на женските прашања во филмот, ќе стане јасно дека чинот на смеењето на жената се смета на неприличен, па немаше да доведе Ерѓувен да стане режисер со светско име.

Или професорот Азиз Санџар, кој минатата година ја доби Нобеловата награда за хемијја за истражување на канцерогените болести. Ако по завршувањето на медицинскиот факултет на Истамбулскиот универзитет Санџар не ја открил можноста да замине за САД веројатно денес тој сеуште ќе беше во Мардин, каде е и роден.

Во Турција никогаш не била поддржувана либералната и отворена за иновации научна средина. И денес, за да ја продолжат во Турција својата професионална дејност, на академиците им се наметнува да преминуваат многу бариери. А идеите на оние кои ја градат научната кариера одејќи во чекор со востановениот ред, не можат да се наречат достојни за внимание.

Денес кога примаме мигранти од Сирија, по иронија на судбината во нашата земја се создава нов бран на одлив на мозоци. Тој процес и без тоа се забрзуваше во последниве години. Заради ширењето на непотизам, кој започна да добива институционален карактер ако се има во предвид фактот дека на работа во државни институции се примаат роднини, сопрузи, шријатели, независно од нивните прфесионални вештини, на младите луѓе кои добиле квалитетно образование не им останува можност за наоѓање работа во таквите институции. Што се однесува до приватниот сектор – и во тој случај без врски не е лесно да се најде работа поврзана со квалификуваноста на кандидатите.

Одливот на мозоци од Турција започна во 70-ите години од минатиот век. Заради притисокот со кој тогаш се соочуваа курдите и турската интелигенеција, тие беа принудени да бараат азил во демократските земји во странство. Тие тагуваа по татковината, а ние останавме без нив.

Не чудете се ако кон младината на која и останува само да бара работа во странство, и се приклучи голема армија академици. Па нели по следењата, испитувањата, апсењата на академиците на кои турските професори беа подложени заради објавувањето на декларацијата за мир, тие можат да започнат да размислуваат за емигрирање.

Лауреатот на Нобеловата награда за економија, Џозеф Сѕиглиц, кој зборуваше на форумот во Давос, предупреди дека постоечкиот притисок ќе доведе до емигрирање на турски професори во други земји. Освен тоа, денес кога светот бара начини за излез од економскиот пад со помош на иновативни економски модели, академската слобода е исклучително неопходна.

Западот со сигурност ќе го отвори своите врати за турските професори, но што ќе се случи со нашите студенти?

Заман – Истанбул