Наумов ќе ја оспори аукцијата за ново задолжување пред ДКОВС, Ставревски постапувал противзаконски

од desk3
88 прегледи

Министерот Ставрески на 29.01.2016 година соочен со рекордниот износ на јавниот долг од 4 милијарди и 224 милиони евра, свесен за состојбата на државната каса, ги прекрши Законот за јавен долг и подзаконските акти кои го регулираат начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност.

kire naumov(3)(1)

Во Законот за јавен долг член 18 став 7 децидно е наведено дека начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар ги пропишува министерот за финансии.

Во Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на хартии од вредност (“Службен весник на РМ“ бр.99/2005,35/2007,132/2007, 68/2009 и 131/2009) донесен од страна на министерот за финансии, во член 17 став 2 стриктно е наведено дека издавачот ( Република Македонија преку Министерството за финансии), најдоцна до 14:00 часот во работниот ден, 4 работни дена пред денот на одржување на аукцијата го дефинира проспектот за аукција на државни записи и/или проспектот за аукција на државни обврзници и преку електронскиот систем го доставува до агентот (Народна банка на РМ). Во став 3 од истиот член се обврзува агентот (Народна Банка на РМ), во 14:30 истиот ден , преку електронскиот систем да ги упати проспектите од став 2 на член 17 до сите овластени директни учесници.

Министерот Ставрески го дефинираше проспектот за аукција на државни записи и проспектите за аукција на државни обврзници за аукцијата закажана за 02.02.2016, на ден 29.01.2016, односно 3 работни дена пред денот на одржување на аукцијата.

Поради горенаведеното, ќе ја побарам целокупната документација и одлуки кои претходат на објавувањето на проспектите и ќе поднесам жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен со која ќе го оспорам одржувањето на аукцијата на 02.02.2016 година поради прекршување на постапката од страна на министерот за финансии.
Интегрален текст