
Од Основниот суд Скопје 1 Скопје соопштија дека Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против 11 лица кои се осомничени за организатори и регрутанти на македонци кои се бореле за Исламска држава.
-Почитувани Во Основен суд Скопје 1 – Скопје при крајот на работното време OJO за организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт за предметот познат под полициска акција „Келија“ во која 11 лица се обвинети за делото „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ од чл.322 а од Кривичниот законик, при што обвинителниот акт е даден на постапување кај Совет за оценка на обвинителен акт при овој суд, стои во писменото соопштение на Кривичен суд.
Притворот им е продолжен и во следните 30 дена.
Во август минатата година, МВР уапси 9 лица, а по 27 се уште трага. Сите се дел од антитерористичката акција „Ќелија“ спроведена против осомничени структури на исламската држава во Македонија. Осомничените се товарат за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоените формации на блискиот исток, но и за учество во силите на ИСИЛ.
Меѓу уапсените беше и Имамот на Тутунзус и Јаја пашината џамија.
Акцијата, според министерот, почнала утрово околу 3.30 часот. Врз основа на наредба на судија на претходна постапка, биле извршени 28 претреси, од кои 21 претрес на дом и на други простории во Скопје, четири во Гоствар и по еден во Тетово, Куманово и во Струга.
– Меѓу четирите објекти беа опфатени интернет-кафето „Фастнет“ во Скопје, прудрижните објекти на Тутусуз-џамијата и невладините организации „Искра на милиоста“ и „Исламска младина“ во Сарај. За време на акцијата, девет лица се обезбедени, а по уште 27 лица кои се опфатени со истрагата се трага. Според оперативните сознанија на МВР, дваесетина сè уште се наоѓаат на боиштата, главно, во Сирија – рече Чавков на прес конференцијата после спроведената акција на 6 август минатата година.
Како што објави тогашниот министер, при претресите биле запленети 38 декстоп-компјутери, 18 лаптопа, 18 таблет-компјутери, 119 мобилни телефони, повеќе СИМ-картички и држачи за картички, шест хард-дискови и 45 УСБ-стикови, гасен пиштол, тактички елек, мемориски картички, девизи, пасоши, потврди за пренос на пари преку „Вестерн јунион“.