Затворени граници може да е почеток на крвавите конфликти на Балканот

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка смета дека затворањето на границата на земјите од Западен Балкан за бегалците лесно би можел повторно да ги обнови старите крвави конфликти на Балканот.

bohuslav-Sobotka-N1

Во интервју за денешното издание на чешкиот неделник „Респект“, Соботка изјавил дека при евентуално затворање на границите бегалскиот бран би се прелеал на Балканот. Според него, затворањето на границите на одделни балкански земји не е добар начин за решавање на бегалската криза, бидејќи може да биде поврзано со силни конфликти.

„Едноставно, Балканот уште не е интегриран, а сеќавањата на војни таму се многу живи. Ако притисокот на миграцијата не можат да го контролираат Турција во соработка со Грција, некое решение може да биде и договор со Бугарија, Македонија и Албанија да им се даде максимална помош и да за започне со регулирање на миграцијата на нивните граници“, вели Соботка.
На тој начин, вели тој, ЕУ би направила дополнителен притисок врз Грција за подобро да соработува со Турција во совладувањето на бегалскиот бран.

За т.н. план Б, во кој Брисел би поставил брана за бегалскиот бран на јужните граници на Македонија и Бугарија, ќе се расправа на вонредниот самит во Прага кој ќе се одржи на 15 февруари, на кои премиерите на Вишеградската група ќе го предложат овој план на ЕУ.