Во овие три месеци стартуваа и Тв Шења и ТВ21 а се зборува дека пред изборите ке старува и уште една телевизија.
Како и да е неодамнешното истражување на МИМ покажа исклучителна недоверба на гледачите во вестите на телевизиските медиуми, што доаѓа како резултат на неквалитетните и пристрасни вести, како да се работи за партиски телевизии, а не за национални медиуми. Дали новите телевизии ќе бидат нов прозорец или само HD димензија на истата реалност, ќе покаже времето до изборите..Да им дадеме и време и шанса.
