Тимот на Јанева почнува увид во доказите за предметот „Пуч“

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Тимот на Специјалното јавно обвинителство од денеска го почнува увидот во доказите за случајот „Пуч“ кој е во работа во Основниот суд Скопје 1. 127643

Како што информираше и вчера специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од денеска нејзиниот тим ќе врши увид во пишаните докази, аудио-визуелни докази како и сите останати списи од предметот. На последното рочиште за „Пуч“, на 14 јануари, Јанева побара од Судот одложување на подолго време поради потребата да извршат увид во доказниот материјал.