Македонија го губи меѓународниот кредибилитет. Се сретнав со многу невладини организации и нивната порака беше иста, помогнете ни да ја вратиме Македонија на европската патека, изјави германскиот министер Михаел Рот пред студентите на Правен факултет во Скопје.
„Политичките лидери не се свесни во какви проблеми се наоѓа државата . Во моментов ЕУ се соочува со многу кризи и не може да се концентрира на Македонија. Заедничка задача на власта и опозицијата е да ја стабилизираат политичката состојба….Загрижен сум за неостварувањето на Договорот од Пржино а партиите го губат времето бесмислено , тактизираат , но времето безмилосно поминува.“, потенцира Рот.
Претходно рот посочи: За излез од политичката криза и за иднината на Македонија се неопходни фер и регуларни избори, за што круцијална улога има исполнувањето на двата услова од пржинскиот Договор, прочистен Изборачки список и регулација на медиумите. Тоа беше и заедничкиот став по средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со германската делегација предводена од Михаел Рот.