Денеска нема средба на работните групи, се чека на СДСМ да достави предлог-закон за медиуми

од desk3
92 прегледи

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска нема да одржат средба. Како што дознаваме, денеска СДСМ треба до другите политички партии да достави предлог-закон за медиуми.

11267706_10204393670978206_979988194_n

Предлог-законот што го подготвува СДСМ треба да ги содржи предлозите и забелешките што белгискиот олеснувач Питер Ванхауте ги презентираше кон средината на декември.

Според нашите информации, нема поместување во преговарачките позиции на партиите за двете спорни прашања – прочистувањето на избирачкиот список и реформата во медиумите.

Минатата недела на работните групи, СДСМ на владејачката партија ѝ понуди да ги повлече забелешките што ги има за методологијата за прочистување на избирачкиот список ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ги прифати предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите.

Средбата на работните групи со Ванхауте се очекува да се одржи утре, откако партиите ќе имаат доволно време да го разгледаат предлог-законот подготвен од СДСМ.

МЕТА