СДСМ ставија потпис на метдодологија за прочистување на ИС, вечерва седница на ДИК

од desk3
120 прегледи

Сите политички партии до Државната изборна комисија ги доставиле методологиите за прочистувањето на избирачкиот список. .Ова доаѓа откако и опозициската СДСМ ја потпиша методологијата за избирачкиот список. Таа беше последната од четирите партии која даде согласност за методологијата што пред Нова година ја предложи ДИК.

дик

Откако ДИК официјално ќе ја усвои методологијата, ќе може да ја почне процедурата за прочистување на избирачкиот список.

Како што дознава „Мета“, седница за усвојување на методологијата ДИК може да одржи уште вечерва.

Според оваа методологија, избирачкиот список ќе се ревидира во неколку фази. Постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Во наредната фаза ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции. Во третата фаза ќе се врши теренска проверка на местата каде што податоците нема да се совпаѓаат.

Минатата недела на работните групи, СДСМ на владејачката партија ѝ понуди да ги повлече забелешките што ги има за методологијата за прочистување на избирачкиот список ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ги прифати предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите.

Денеска СДСМ треба до политичките партии потписнички на Договорот од Пржино да достави предлог-закон за медиумите, во кој треба да бидат содржани забелешките и предлозите од белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, а утре да се одржи средба на работните групи.

МЕТА