Мин. за финансии го откажа денешното задолжување, сега Наумов нема што да обжали

од desk3
99 прегледи

Министерството за финансии ја откажа денешната аукција на државни записи, на која требаше да побара 813 илјади евра од домашните кредитори.

pari

Според објавените информации, беа планирани аукции на тримесечни државни хартии од вредност во износ од 244 илјади евра, со каматна стапка од 1,60%, и на десетгодишни државни хартии од вредност во вкупен износ од 569 илјади евра, при што едната аукција е со каматна стапка од 3,70% со девизна клаузула, а другата со 3,90%.

Наумов дефинитивно ќе се жали за денешното задолжување

Претхдоно дополнителниот заменик министе за финансии Кире Наумов информираше дека ќе ја обжали одлуката за денешната аукција пред Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен.