Ако сакате буквално да спиете меѓу урбаната џунгла, можете тоа да го направите во најновиот и атипичeн хотел во Лондон.
Тој претставува луксузна куќичка на дрво, која располага со две спални, самостојна тераса и личен готвач. Таа се наоѓа во центарот на британската престолнина пред “Southbank”.
Таа била изградена од страна на компанијата “Вирџин” и е апсолутна имитација на куќичка во комплексот “Lion Sands Game Reserve” во Јужна Африка.
Среќните кои престојуваат во модерниот, ексцентриченн хотел, ќе можат да уживаат во поглед на Темза и црквата Сент Пол.
Покрај тоа, тие ќе бидат нагостени со 5-брзинско гурманско мени кое вклучува јадења како јајце од ној, пржено месо од крокодил, салата од лимонска трева и др.
Видете повеќе слики на атипичниот лондонски хотел во галеријата.
