ЕУ го зголеми притисокот врз Грција за границата со Македонија

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Европската комисија вчера усвои извештај со кој се зголемува притисокот врз Грција да почне адекватно да ја контролира границата со закана дека Атина би можело да се соочи со мерки од Брисел.

ограда фр

Комисијата препорачува Грција да ги проверува сите мигранти преку базата на криминалци, но и да ги смести додека не биде обработени ваквите податоци.

РТС: ЕУ дава 650 милиони евра за бегалците, да останат во Македонија и Србија?

Комисијата наведува дека мигрантите кои немаат право на азил мораат брзо да бидат враќани. Грција има три месеци за да ги исполни овие барања. Во спротивно Европската комисија би можела да им препорача на другите членки на Унијата повторно да воведат контроли на границите.