“Клетви и пцовки за оние што краделе и трошеле прекумерно”- 60% данок на доход за Грците

од desk3
124 прегледи

Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос предложил зголемување на даноците на доход, а некои стапки надминуваат 60%, пишува англиското издание на грчкиот весник “Прото тема”, цитирано од агенциите.

grcija

Според извори блиски до преговорите, станува збор за даночен систем “на неколку брзини”, каде даночните обврзници кои заработуваат под 30 000 годишно, ќе бидат оданочувани со пониски даноци, додека оние кои добиваат 50-60 илјади евра годишно, ќе треба да платат данок од околу 60%, а оние кои заработуваат околу 100 000 евра, дури уште поголем процент.

Цакалотос очекува одговор од доверителите денес. Делегација од претставници на Европската комисија, Европската централна банка, Европскиот стабилизациски механизам и Меѓународниот монетарен фонд ќе разговараат со министерот пред да се сретне со министерот за економија Јоргос Статакис.

Извор кој учествува во преговорите, прецизира дека највисокиот данок ќе биде зголемен до најмалку 50% (наспроти 42% во 2015 година), без тоа да вклучува специјалната рата за т.н. данок солидарност која е од 1 до 8%. Други извори велат за весникот дека планот предвидува собирање на приходи во износ од 340-350 милиони евра. Според нив таксата солидарност може да се намали, па општото даночно бреме да не надминува 60%.

Весникот “Катимерини” пишува дека според владиниот план ќе има една единствен даночен систем вработени, пензионери и самовработени лица. Оние кои заработуваат до 25 000 евра годишно, ќе плаќаат данок од 22%, потоа данокот се зголемува на 32% за приход помеѓу 25 000 и 42 000 евра, 42% за приходи од 42 000 до 60 000 евра и 50% за оние кои заработуваат над 60 000 евра годишно.

Грција во моментов се соочува со најголемите протести против одданочувањата и економските реформи. Денеска, како и во изминатиов период, државата е комплетно бликирана од протестите на земјоделците, пензионерите и исте засегнати од реформите.