Заев: Оддаваме почит на великанот Гоце Делчев, борбата за слобода продолжува

од desk3
88 прегледи

Денеска оддаваме почит на апостолот на македонскиот народ, великанот Гоце Делчев којшто го посвети и го даде животот за слободата, самостојна и независна Република Македонија.

zajko

Тоа неговото дело не смее да биде заборавено од сите генерации кои доаѓаат после нас, заради тоа што ја испраќа пораката кои сме, какви сме, зошто сме поразлилни од сите други народи и народности кои живеат во целиот овој регион.

Оддавајќи денеска почит ја испраќаме пораката дека не само што не смее да биде заборавено, туку неговото дело треба да биде следено, и затоа борбата за слобода ќе продолжи, а независноста ќе ја браниме.

 

Интегрален текст