Хаос на улиците во Атина, најмалку двајца повредени

од desk4
153 прегледи

Најмалку две лица се приведени во полиција на разговор за наводна вмешаност во денешните судири што избувнаа меѓу полицијата и демонстрантите за време на протестите во Атина.

https://www.youtube.com/watch?v=uHSe8Igb9BY

Анархистички групи попладнево се собраа на плоштадот Омонија, по што поставија барикади на улицата Стурнари во близина на плоштадот Егзархија и запалија контејнери за смет. Истовремено,  на околните улици се распоредени силни полициски единици.

Во тек е полициска акција и се апсат лица кои  фрлаа молотови коктели на полицајците од единиците за спраување со нереди стационирана пред канцелариите на партијата ПАСОК.

За време на денешниот протест во Атина беше нападнат и репортерот на радиото „Атина 9.84“ Димитриос Перос кој беше претепан од лица со качулки, додека известувал за протестите. Опозициската Нова демократија и општината Атина го осудија инцидентот, нарекувајќи со напад врз слободата на печатот и обид за тероризирање на новинарите.