Затвореник со силно обезбедување донесен на распит кај Катица Јанева

од desk3
135 прегледи

Лице кое во моментов е на издржување на затворска казна попладнево било на распит во Специјалното јавно обвинителство, потврди за „Мета“, портпаролката на СЈО, Ленче Ристовска.

policija-djipovi-katica-zatvorenik

Доцна попладнево на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, пред зградата каде се сместени канцелариите на Катица Јанева, беа паркирани неколку полициски возила.

– Не станува збор за ништо страшно. Денеска на распит во Специјалното јавно обвинителство беше донесено лице кое во моментво е на издржување на затворска казна, кое беше спроведено на стандарден начин со полициска придружба – ни изјави Ристовска.

Осуденикот, чиј идентитет не се открива, беше донесен со посебно полициско возило, придружувано од полициски екипи во неколку џипови кои чекаа на булеварот пред Специјалното јавно обвинителство.

 

META