Разрешен командантот на „Алфите“, на негово место доаѓа „тигарот“ Примислав Димовски

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Со специјалната полициски единици Алфа од денеска раководи Примислав Димовски.

alfi-apsenje

Димовски на оваа функција доаѓа од редовите на специјалната полициска единица “Тигар” во чии редови беше за време на конфликтот во 2001 а учествуваше и во полициската операција во Куманово во мај минатата година.

Димовски на јавноста и е познат и како неколкукратен првак на Македонија во бокс, а го освои и петтото место на Светското првенство во бокс во супертешка категорија.

Примислав Димовски доаѓа на местото на Ивица Антевски – Пуки познат од “бомбите” како актер во апсењето на Љубе Бошковски пред ресторанот “Воденица”.

Полициската единица Алфи e задолжена за интервенции во урбани средини за спречување на тешки облици на криминал.