Моментот кога Џеб Буш ги молеше сопартијците од Њу Хемпшир да му аплаудираат е една од најтажните епизоди во историјата на американската политика, пишува Хафингтон Пост.

Третиот Буш, кој покажа аспирации да стане претседател на САД, во текот на натапот во Хановер ги замоли присутните да му аплаудираат, што одма е оценето како „еден од најтажните моменти во американската политика“.
Џеб Буш во Хановер стигна се на се неколку дена после внатрепартискиот избор на Републиканската партија во Ајова, каде заврши на шестото место, далеку зад Тед Круз, Доналд Трамп и Марк Руби.
На внатрепартиските избори во Ајова, Буш доби доверба од околу 2,8 проценти од гласачите, или како Американците пресметале, на секој глас потрошил 2.800 долари.