Специјалното јавно обвинителство почнало предистражна постапка за случајот „Монструм“, повикувајќи ги адвокатите и семејствата на обвинетите во случајов, дознава „Сведок“ од извори во обвинителството.

Предметот му бил даден во работа на обвинителот Трајче Пеливанов, кој како што брифираат изворите на „Сведок“ имал средби со роднини на обвинетите и со адвокатите на кои средби ги исслушал нивните тврдења „дека обвинетите во случајот Монструм не се тие кои го извршија убиството во близина на Смиљковското езеро“.
На адвокатите и на семејствата засега не им биле презентирани аудио разговори или докази кои произлегуваат од прислушуваните разговори, но според изворите на „Сведок“, обвинителот располага со дополнителни информации кои сакал да ги провери и преку семејствата и адвокатите и затоа ги повикал.

Во „Монструм“ на доживотен затвор беа осудени Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сами Љута, за кривично дело „тероризам“ како соизвршители, а Хаки Азири како помагач во кривично дело „тероризам“.
Повеќе за овој случај и информации на Сведок на овој линк