Груевски се предомисли – Од „сеачка на магла“ како што јавно ја нарече сега јавно вели дека ја поддржувал Катица

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Специјалното обвинителство, се формираше со поддршка на четирите партии и на Владата. Тие даваа и се уште му даваат поддршка, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на загриженоста на претставничката на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, Кејт Брнс која побара владејачката партија да не ја напаѓа работата на Катица Јанева.

грујо

– Но и обвинителката треба да внимава да не дозволи влијание од одредени партии, туку да работи според законите – додаде  Груевски.