За професорот по економија во Оксфорд – Пол Колир работите се кристално јасни: “Ангела Меркел е одговорна за бегалската криза. Кој друг?”.
Би било лесно да отфрлиме тврдењето на Колир, ако тоа не беше дел од се почестите гласови кои ја доживуваат бегалската политика на Германија како игра на моралот – со Меркел на чело, барање на откуп за историските гревови на Германија, пишува Торстен Бенер, директор на Global Public Policy Institute, за POLITICO.
Покојниот лорд Виденфелд зборува за наивен пречек на бегалците од германското општество како за “начин да се откупат гревовите на предходниците”. Унгарскиот премиер Виктор Орбан дури ја обвини Меркел за “морален империјализам”.
Поддржувачите на Меркел се исто толку да користат моралот, за да ја квалификуваат нејзината бегалска политика. Во изјавата за германската влада, истражувачот на холокаустот Рут Клјугер изрази восхит кон Меркел за тоа дека ги отворила вратите за сириските бегалци, велејќи дека нејзината “херојска” позиција го “заработила на Германија аплаузот на светот”.
За новинарството во круг
Дали се разгледува од благонаклонета гледна точка или не, перцепцијата на позицијата на Меркел кон бегалците за морално прашање не го одразува она што навистина го мотивира германскиот канцелар и ќе ги дефинира нејзините одлуки во следните месеци.
Во срцето на бегалската политика на Меркел се стравувањата за Европа. Уште пред многу други нејзини колеги да го прават тоа, Меркел тврдеше дека миграцискиот проблем претставува посериозен предизвик за еврозоната отколку должничката криза. Таа виде колку слабо е подготвен ЕУ за човековиот прилив.
Европската унија ги занемаруваше непристојните услови на живот на бегалците во Турција, Либан и Јордан, недостатокот на безбедност за надворешни нејзини граници и скршените системи за азил во Грција и на други места, како и безбедноста на шверцерите на луѓе во Турција и други земји од Средиземнорието. Недостигаше паневропски механизам за солидарност при распределбата на бегалците, а популистичките политичари ја зајакнуваа омразата против муслиманите – некои, како Орбан, дури од функцијата премиер.
Додека ситуацијата излегуваше надвор од контрола минатото лето, Меркел јавно ги гледаше опасностите пред Европа и најмногу пред Германија како земја која освои најмногу од европската интеграција. Во срцето на Стариот континент се појави хуманитарна катастрофа, на Балканот тензиите нагло се зголемија, а Шенген просторот за слободно движење се покажа под закана од распаѓање.
Меркел заклучи дека Германија е единствената земја во позиција да обезбеди итна помош. Таа има силна економија (споделувајќи ги тврдењата дека германскиот пазар на труд може лесно да ги апсорбира бегалците), поволна медиумска средина и недостаток на силно организирано десно популистичко движење.
Меркел ги отвори вратите за бегалците кои Унгарија не ги сакаше, бидејќи ја усвои улогата што ја подразбира либерална политичка европска хегемонија – откупот и моралната супериорност не се погонски фактори. Подготвеноста на Германија да дејствува како привремен “бранител на последната шанса” ја одразува желбата да избегне хуманитарна катастрофа во срцето на ЕУ и да му обезбеди на Стариот континент време да излезе со мултилатерално решение на кризата.
Секогаш било јасно дека овој потег чини скапо. Меркел не си замислува дека германските гласачи повеќе се добродетелни од оние во соседните европски земји. Но таа беше подготвена да инвестира политички капитал и привремено да понесе политичка цена за тоа дома. Правејќи го тоа, таа ја брка реалната политика без сентименталност.
Меркел ја поддржува заштитата на надворешните граници на Европа и создавање на т.н.. “Жешки точки” во пограничните земји на ЕУ, одбивајќи го правото на бегалците да ја избираат земјата во која бараат азил во Европа. Таа го поддржува проширувањето на листата на “безбедни земји на потекло” и склучување на договори со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и сомнителни режими од Алжир до Еритреја (каде го испрати министерот за развој на соработката во декември).
Во исто време таа се обидува да наметне притисок врз другите европски земји, да се согласат на правична распределба на бегалците во Европа. Многу земји од ЕУ сепак очигледно ја гледаат борбата на Германија со бегалскиот проблем како германска, а не како европска – компензација, можеби, за германската превласт и недостаток на солидарност по други политички прашања.
За Меркел политичката цена брзо се зголемува, а десната популистичка Алтернатива за Германија собира поддршка од над 10% во земјата и најверојатно ќе влезе во три локални парламенти за време на државните избори во март.
Исто како секоја либерална хегемонија што би направила, во моментов Меркел се прашува дали цената сеуште вреди. Можеби е подобро да ги затвори границите на Баварија и да го употреби правото на Германија согласно даблинските прописи да ги враќа бегалците кои веќе поминале низ други безбедни земји во Европа.
Постојат историски преседани за промена на сличен тип размислување во таков размер. По Втората светска војна САД гарантираат стабилни девизни курсеви преку Бретнвудскиот договор. Во 1971 година, откако трошоците на САД се зголемуваат поради шпекулации околу доларите, претседателот Никсон одлучи да се откаже од ветувањето – остатокот од светот го нарекува “шокот Никсон”. Време е остатокот од Европа да се подготват за “шокот Меркел “.
