Конструктивно новинарство, новинарство на одлуката “, impact journalism”, како што велат англосаксонците. Чудно е, нели, дека треба да се бара дефиниција на новинарството, која постојано  ја правиме.

медиуми

 

Несоодветно новинарство, може да се каже, ако се користи дефиницијата на Албер Лондр, стимулирање на печатот да гребат и мешаат со перото во раната – во раните на светот, далечни рани кои може никогаш да нема да ги  видиме или сосема блиски рани кои некои се обидуваат да ги  прикријат за да не бидат препознаени  одговорните за нив.

новини

На кратко новинарството врз конструктивноста и избалансираноста  нема да е вистинското новинарство, на височините на својата благородна мисија, туку ќе биде “пристрасно” новинарство, според зборовите на авторот на коментарот за пионерите во текот на еден дебата – Ерик Дјупен. Добро. А практикувањето на новинарството на стравот, на постојаното негирање, на френетичен пребарување виновни, по можност – силни, новинарство на потсмев, на синистрозата / патолошки однесување на субјект повреден во несреќа (трудова, транспорт …), кој одбива да го признае своето оздравување и искрено смета дека е недоволно обештетен за претрпената штета и затоа бара максимална надомест – бел.прев. /, тоа нема да е друга форма на пристрасност?

За време на расправија со колега од “Монд”, кога се прашував за последиците од нападите / од минатиот јануари / и за ризикот за медиумите да ги негува тензиите и стравови, тој ми одговори: “Не сме тука за да  го успокојуваме населението”. Туку  да го БРКАТЕ  ли? Долги години во “Ла Кроа”, ние вложуваме напори да не заборавиме на светлото лице на настаните, без поетичност или црнила , хорор, далавера и злосторствата, но покажувајќи го  и доброто, или барем работите кои грабаат кон  доброто. Впрочем има колумни во која се вели така. И секој ден една кратка статија “идеја за акција”, покажува индивидуалност  или колективни иницијативи за тие кои имаат за цел “да  го исправаат” светот – неговите нееднаквости, поделби, страдања. Не е до  самодоволен оптимизам ниту од верност кон христијанските очекувања поврзани со идентитетот на оваа гласило , туку едноставно затоа што тоа се информации. Кои не се ништожни, анегдотски или незначителни.тв

Само вести, и  информации.

Да дека екстремната сиромаштија е намалена во светот во последните 20 години, тоа е факт.

Да дека повеќе девојки во светот веќе одат на училиште, и тоа е реалност.

Да дека некои болести се речиси искоренети, тоа е вест.

Но ништо не е елиминирано!

Сиромаштијата и неправдите остануваат. Уште една причина да се покаже дека е можно да се дејствува. Луѓе, асоцијации, пратеници, синдикалци, духовници, институции, дејствуваат за да се промени она што се е вкоренило во нашите општества. Вреди да се објасни, да се процени, бидејќи тоа може да има воспитен  ефект, другото  е секој  искушуван да се скрие во своето катче во сопствените и непосредни интереси, сметајќи дека сите / останатите /, се корумпирани и ништо никогаш нема да се промени. И натоварени со депресија и анксиозност да престанат да читаат, да се види или да слушаат вести медиуми. Читателите на “Кроа”, прашани за врската со весникот, коит едногласно  ја истакнуваат волјата на новинарите да поднесат еден свет каде што има објективни причини за надеж, иако тимот новинари не секогаш имаат  чувство дека  го задржуваат ова ветување, поради изобилство на  вести за паѓања од секаков вид. Овие читатели остануваат верни на весникот во момент кога ширењето на националните дневни весници е во криза.

Не треба ли да се види причинска врска?

Во Франција има иницијативи за унапредување на професионалните новинари да  претстават  нови  носечки решенија, да им понуди теми за репортажи. Тоа е вид на позитивен пристап, кој има за цел некако да тера да се надминат природата и навиките на медиумите. Тоа можеби е потребно , но не и доволна  фаза како и секој позитивен пристап. Бидејќи не станува збор за сместување во една систематска и специјализирана позитивност, а за постигнување на раѓањето на новинарство без дефиниции – ниту конструктивна ниту деструктивна, ниту давање решенија, ниту негирања, туку новинарство, кое  гледа реалноста под различни агли, кое го  топи перото во раните кои се отвораат и покажува рани кои зараснуваат./ ДК

Слични содржини