Јанева со ниту една- до нејзините обвинители 19 кривични !

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Или  многу бргу СЈО на Катица Јанева ќе покрене битни и тешки издржани обвинненија, или е контрапропаганда,  бидејќи наместо таа да процесуира кривични, колегите им се згнаа на нејзините обвинители и вработени. „Денот Д“ веројатно е многу блиску во нареднава недела. И додека се чека да се види сработеното на специјалното обвинителство денеска нови 12 кривични пријави до СЈО.лисици и суд

Како што објави Плусинфо, уште 12 кривични пријави се доставени до скопското јавното обвинителство, против вработени во Специјалното јавно обвинителство. Сите пријави се доставени од различни физички лица, а се за сторено кривично дело малтретирање при вршење на служба.

Досега бројот на пријави поднесени против лица од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева се искачи на 19.

Од СЈО утринава не беа достапни за коментар во однос на новите пријави против нив. Во досегашните изјави за медиумите Јанева не отстапуваше од ставот во текот на постапките нејзините обвинители постапуваат согласно законските процедури и според неа подносителите на пријавата ќе треба да ги докажат своите тврдења.