(ФОТО) Вооружен грабеж на автомобил кој пренесувал пари во Велес, бркотница низ градот…

од desk3
186 прегледи

Двајца арамии денес во Велес околу 12,30час. на улица Алексо Демниевски извршија вооружен грабеж на автомобил на фирмата за обезбедување „Перпетуум Мобиле“ со кои пренесувале пари-јави ДУМА.мк. Разбојниците му го пресекле патот на автомобилот во кои се носеле парите на улицата токму пред зградата на Здружението на пензионери. Едниот од нив му вперил пиштол на возачот а другиот го скршил задното стакло на возилото од каде ги извлекок парите сместени во кутии. Потоа разбојниците се дале во бегство трчајки преку платото на спортската сала „Гемиџии“ и паркот . Таму имало паркирано возило комбе со кое имале намера да избегаат по патот пред зградата на ЈКП „Дервен“ кон патот за Скопје преку Башино село.

razbojnistvo-kola14549377411454937119_thumb_medium490_0

Присебноста на возачот и совозачот на ограбената кола кои почнале да ги бркаат арамиите како и на повеќемина граѓани очевидци кои веднаш пријавиле во полиција се пресудни за спречувањето на грабежот. Брзата интервенција на полицијата не дозволила разбојниците да избегаат. Сардисани од повеќе страни во централниот градски парк во Велес тие се обиделе да се скријат во напуштена куќа веднаш под градскиот базен. Таму ги пронашле полицајците како во подрумот биле легнати на земја и едвај дишеле.

razbojnistvo-kuka145493781214549377411454937119_thumb_medium490_0

Полицијата интервенираше, ги извади надвор од куќата а подоцна ги најде и парите сокриени во подрумот. Еден од разбојниците беше веднаш однесен на распит во полициска станица додека другиот седеше во полициското возило се додека полицијата не ги пронајде парите.

Притвор за детски порнограф од Струмица

Во паркот стоеше и возило комбе со зелена боја со кое разбојниците планирале да избегаат.

razbojnistvo-kombe145493799614549379071454937864145493781214549377411454937119_thumb_medium490_0

Вооружениот грабеж се случи среде бел ден на најфрекфентната улица во Велес и во време кога во градскиот парк рекреираат десетици граѓани.

Извор: ДУМА