[РЕЦЕПТ] Кој би одбил ваква чоколадна бомба?

од Марта Пешевска
145 прегледи

Доколку сте расположени за нешто слатко кое ќе го воодушеви целото семејество зошто не би подготвиле една чоколадна бомба? Се што ви е потребно е неколку состојки и 40 минути.

7d838d57aeb986fb311aaa0ed583f61d_L ½ шолја брашно
малку сол
1 лажичка сода бикарбона
3 лажици какао
1 шолја шеќер
1 лажичка оцет
1 лажички екстракт од ванила
5 лажици зејтин
1 шолја вода
прелив од чоколадо

 Начин на подготовка:

Обезбедете  тава  во која ќе ја печете тортата. Нанесете брашно, какао, шеќер и сода бикарбона. Добро измешајте и направете три вдлабнатини. Во едното ставете оцет, во другото вода, а во третото масло. Полека измешајте со вилушка. Ставете во загреана рерна да се пече околу 35 минути на 180 степени. Извадете, оставете малку да се излади, а потоа прелијте со стопено чоколадо.