Колективно сите амбасадори на ЕУ и дадоа поддршка на Јанева и СЈО

од desk3
122 прегледи

Сите амбасадори од Европската унија акредитирани во земјава и изразуваат силна подршка за независноста на специјалниот обвинител Јанева и нејзината работа, напиша на твитер евроамбасадорот Аиво Орав.

Средбата не беше најавена, а на фотографијата Јанева е сликана со евроамбасадорот и неговите колеги дипломати, претставници на Франција, Холандија, германија, Шпанија, како и амбасадори од други земји членки на Европската унија.

Јанева претходно во четвртокот се сретна со американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, а од американската делегација во мисијата на ОБСЕ ги повикаа сите политички партии, кои едногласно се договорија за именувањето на Јанева, јавно да ја поддржат работата на Специјалната обвинителка во текот на сите фази на нејзината работа.

Изјавите на една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините лидери кои ја напаѓаат работата на Специјалната обвинителка се уште еден извор на загриженост, пишува во соопштението на американската делегација во ОБСЕ.