(ВИДЕО) Кирацовски: Министерката Марта направи дело за кое се оди во затвор

од desk3
116 прегледи

Соработниците на Никола Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ се во огромна паника, бидејќи почнавме да ја вадиме вистината за нивното работење на штета на граѓаните.

Ја известувам јавноста дека министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска вчера се обиде да изврши притисок врз административните службеници.

Откако ја објавив намерата на власта да казни и избрка од работа, стотици административци, министерката противзаконски побарала од вработените во Министерството веднаш да запрат со доставување документи што ќе ги побарам јас или мојот кабинет.

-Марта-направи-дело-за-кое-се-оди-во-затвор

Имам писмен доказ за тоа!

Еве го нејзиниот допис што ден по мојата прес конференција го достави до вработените.

Укажувам на министерката Арсовска Томовска дека ќе поднесам кривична пријава против неа, доколку веднаш не го повлече дописот.

Министерката со овој допис, самата врши кривично дело, а на тоа ги наведува и вработените!

Во Законот за Влада децидно е наведено дека ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ИМА ПРАВО НА НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП ДО СИТЕ АКТИ, ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМАЦИИ ШТО МУ СЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ.

Вработените во министерството, на барање на дополнителниот заменик министер имаат обврска, да му ги достават сите акти, документи и информации коишто му се на располагање на министерот.

Предупредувам дека министерката Арсовска Томовска со дописот до вработените во Министерството направила злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, за што кривично се одговара.

Ги охрабрувам сите вработени во Министерството и администрацијата да не потклекнуваат на вакви незаконски известувања.

Повеќе не сте сами!

Имате морална и законска обврска да известите за сите незаконитости што се правеле и се прават.

Сакам јавноста да знае дека администрацијата ги препозна нашите чесни намери и дека вработените соработуваат.

Овој допис од министерката е еден пример за таа соработка.

Заедно ќе ја смениме оваа бескрупулозна власт којашто гледа да ги штити само сопствените интереси на штета на сите други граѓани.

Промените почнаа, назад нема!