Стејт Департмент: Времето е кратко, уште многу работа останува околу Пржино и предвремени избори

од desk3
77 прегледи

“Oстанува уште многу за комплетирање на договорот од Пржино и за фер избори. САД поддр]ува но времето е кратко” напиша на Twitter помошникот заменик секретар во американското биро за демократија труд и човекови права Роб Берчински.

ПВаквата порака следи по неговата средба со техничкиот премиер Емил Димитриев во Скопје. На состанокот присуствуваше и американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли.

Освен претставникот на американскиот Стејт Департмент, се очекува неделава во земјава да пристигнат и австрискиот и чешкиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц и Љубомир Заоралек.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан требаао да дојде идната недела за да ја процени состојбата со политичката криза во Македонија и можноста за организирање на предвремени избори во април.