ЕУ ги повикува политичките партии да соработуваат со Специјалната јавна обвинителка, да прекинат со напади врз ова независно тело и да престанат со заплашувања врз јавни функционери чија што задача е да ги подготват изборите, се вели во соопштението на ЕУ.
“Подвлекуваме дека сите политички партии се согласија за именувањето на Специјалната обвинителка и тие сега треба да покажат конструктивна соработка со неа и нејзината екипа и да се воздржат од напади врз ова независно тело”, вели ЕУ.
ЕУ потсетува дека и дава огромна важност на примената на Пржинскиот договор за да се надмине тековната политичка криза, договор кој го потпишаа четири партии и го поздравува именувањето на Специјалниот обвинител, промените во владата, амандманите во Изборниот законик, одлуките во однос на Државната изборна комисија како и оставката на премиерот.
Но, како што редовно потсетуваат амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија и комесарот Јоханес Хан, ЕУ потсетува уште еднаш дека има уште многу работа за целосна примена на Пржинскиот договор.
Како на пример работата на Анкетната комисија за прислушувањето.
“Пржинскиот договор ги обврза потписниците на структурни реформи, вклучително и оние во однос на изборите, како мерки кои треба да донесат поголена медиумска слобода, ревидиран изборен список и примена на препораките на ОБСЕ-ОДИХР. Овие реформи се неопходен услов за да се има услови за кредибилни избори на 24 април”, порачува ЕУ.
ЕУ, во согласност со САД, вели дека тие поставиле повеќе критериуми кои ќе ги употребат за да видат до каде се подготовките за изборите:
“ЕУ, заедно со САД, ја повторуваат неопходноста за кредибилни избори и потсетуваат дека тие поставија редица критериуми кои ќе бидат искористени за оценување на подготовките за изборите”, вели ЕУ и потсетува дека е понудена техничка помош и друга поддршка за македонските институции за да се создадат услови за фер избори.
“Ние ја охрабруваме привремената влада брзо да ги примени структурните реформи како што тоа го предвидуваат Итните реформски приоритети околу кои четирите партии дадоа согласност.
Колективно сите амбасадори на ЕУ и дадоа поддршка на Јанева и СЈО
Бараме од сите партии и државни институции да и дадат поддршка на Државната изборна комисија.
И подвлекуваме дека сите политички партии се согласија за именувањето на Специјалната обвинителка и тие сега треба да покажат конструктивна соработка со неа и нејзината екипа и да се воздржат од напади врз ова независно тело”, вели ЕУ заедно со САД.
На крајот на долгото соопштение, ЕУ и САД потсетуваат дека Собранието, владата и политичките лидери треба ја вратат земјата на европскиот пат:
“Собранието, владата и политичките лидери се одговорни во донесувањето одлуки кои се потребни за може нивната нација да се врати на европскиот пат.
Ние ги охрабруваме сите партии, граѓани и граѓанското општество да учествуваат на кредибилни избори и нивното набљудување и да ја покажат потребата флексибилност за консензуален пристап кој е единствениот начин за трајно решение на политичката криза и долгорочна стабилност на земјата”, вели документот.
“Конечно, ги повикуваме сите партиски лидери за се воздржат од заплашување на јавните функционери чија што задача е создавањето услови за кредибилни избори; пред нив стои тешка задача. Таква реторика не помага и ја нарушува вербата на гласачите дека потребните услови се исполнети”, вели ЕУ.