НАТО во бегалската криза: Грција бара гаранции, Македонија молчи како да се согласила на кампови?

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Власта и европејците молчат каде ке се тргаат селектираните мигранти? Дали тие кои ке отпаднат во селекцијата за Европа ќе и останат во кампови на Македонија?

нато

НАТО ќе прифати “многу сериозно” барањата за помош во бегалската криза НАТО ќе го прифати “многу сериозно” секое барање за помош во бегалската криза. Ова го изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, откако претходно вчера Германија и Турција се согласија да побараат помош за справување со трговијата со бегалци.

Министрите за одбрана на 28-те земји членки ќе разговараат за ова прашање за време на состанокот во Брисел во денеска и утре. “Мислам дека ќе прифатиме многу сериозно барањето на Турција и други сојузници, за да видиме што може да направи НАТО, за да им помогнеме за справување и решавање на кризата и сите предизвици со кои тие се соочуваат, не само во Турција”, рече Столтенберг за време на прес-конференција. Тој исто така, истакна дека веќе разговарал со турскиот и германскиот министер за надворешни работи, за да разговараат за ова прашање.

Според дипломатски извори предлогот е изненадувачки и министрите од НАТО очекуваат конкретни детали на него. Грција, чии односи со Турција се заладени по бројни прашања денеска, од Берлин  бараат гаранции во случај да ваква мисија се оствари. Владиниот портпарол од Атина изјави дека Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави на германската канцеларка Ангела Меркел дека “секое учество на Алијансата треба да биде ограничено единствено на турското крајбрежје и да ги  гарантира грчките суверени права” Во исто време ЕУ вели дека ја поздравува секоја дополнителна помош во справувањето со бегалската криза.граница

Во  Македонија засега молк. Освен што се удвојува оградата, се најавуваат дипломати, и се точкаат меѓународни полицајци никој не објаснува и не гарантора какви полседици ќе има од тој бегалскли бран. На последниот состанок на министрите од внатрешни работи од регионот се промовира идеја бегалците со воз да се транспортираат директно до Виена, со селекција на македонската јужна граница.

Власта и европејците молчат каде ке се тргаат селектираните мигранти? Дали тие кои ке отпаднат во селекцијата за Европа ќе и останат во кампови на Македонија, бидејќи јасно е дека Грција нема каде да ги прима назад. Хрватска најави дека го затвора својот камп за прием на бегалци, значи ли тоа дека знаат дека такви три кампа ќе се отворат во  Македонија. НАТО, или кој ќе ги чува камповите во Македонија за тие кои нем да сакаат да го превезат кон Европа. Ердоган исто се закани дека ќе ги пуштиме сите кон Европа  со едно потпрашање- „Ќе пукате ли во нив ако ви ги пуштам сите“ ?

Грција бара гаранциии од Берлин и НАТО. Македонија  си молчи. Некако како да се согласила на тој пазар, и чудно е што за ова не се распрачува ниту опозицијата ниту власта, само претседателот се сликаше заедно со мешународните полицајци кои позираа зад него небаре се бодигарди на нашиот претседател.

“Се разбира од НАТО зависи дали ќе  донесе одлука за можноста и условите за евентуално учество”, изјави портпаролот на Европската комисија Маргаритис Схинас. “Ги поздравуваме сите дискусии на можни мерки кои можат да придонесат за справување со бегалската криза, за спасување на луѓето во морето и подобрување на управувањето со потоците мигранти и границите”, додаде тој. / АФП