Трајанов на терен кај бегалците: Може да се соочиме со сериозни безбедносни ризици доколку се зголеми бројот на бегалци

од desk3
96 прегледи

Денес претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, ја посети граничната полиција на Граничен камен 59 и бегалскиот камп, при што разговараше со припадници на полицијата и претставници на други државни институции и невладини организации.

Pavle3
Трајанов даде изјава за медиумите (меѓу кои и германскиот Spiegel) во која нагласи дека “полицијата, армијата и другите државни институции, како и невладините организации се добро организирани и успешно се справуваат со бегалците. Прифатот, првата помош, како и нивната подготовка за транзит се врши на координиран начин”.

Pavle4

(ВИДЕО) СДСМ: Предупредуваме, ВМРО-ДПМНЕ прави сценарио за конфликт

Трајанов посебно потенцираше дека Република Македонија може да се соочи со сериозни безбедносни ризици доколку се зголеми бројот на бегалци и нивната селекција за тоа кој може да транзитира се врши на наша територија.

Pavle2
Тој истакна дека сите активности треба да се одвиваат во соработка со соседните држави, како и во содејство со Европската унија. Македонија нема потреба да гради кампови за подолг престој на мигранти бидејќи тие не сакат да останат овде.

Pavle1

Интегрален текст