114
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 200гр чоколадо
- 1 лажица шеќер
- 20-30 гр путер
Начин на подготовка:
Во тенџере со вода, ставете сад и во него растопете ја чоколадата за готвење и путерот. Растопената чоколада оставете ја да се олади. Во друг сад изматете ги белките со шеќерот во густа и цврста шлаг пена, а жолчките измешајте ги со изладената чоколада. Малку по малку додавајте од цврстата шлаг пена и мешајте полека дозволувајќи повеќе воздух да влезе во смесата. Ставете во чаши и оставете во ладилник да се стегне минимум 4 часа.
Декорацијата е избор на вашата креативност! На здравје!