(ВИДЕО) Станот бил напуштен во 1939 година, кога го отвориле по 70 години нашле вистинско богатство

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Било 1939 година, кога 23 годишната Мадам де Флориан го напуштила својот стан во Париз.Почнувала Втората светска војна и Мадам де Флориан добила информација дека германски трупи се приближуваат во Париз. За да се спаси, таа ја заклучила вратата од својот стан и заминала.Отишла на југ во мирна зона каде ја чекала сигурност.

pariz6

Никогаш не успеала да се врати во својот стан. Сепак, таа продолжила да плаќа кирија до крајот на животот во 2010 година, кога починала на 91 годишна возраст.

Кога починала, нејзините роднини и наследници дознале за станот во Париз. Најмиле акционер да направи попис на целиот инвентар. Кога ја отворил вратата, тој и неговиот тим останале без текст. Станот бил слика и прилика пред Втората светска војна.

Она што е поважно, внатре имало многу вредни работи. Трпезарискиот дел бил преполн од чаши и чинии. Сликите биле симнати од ѕидовите како да биле подготвени за транспортирање, но како сопственикот на немал време.Имало четки, шминки, парфеми. Најшле и оригиналки кукли на Мики Маус и Гица.

Можеби наинтересното откритие била сликата на преубава жена во розев фустан. Со понатамошните истражување откриле дека жената е Марта де Флориан, баба на Мадам де Флориан. На почетокот уметникот не бил познат, но подоцна било заклучено дека сликата ја нацртал Џовани Болдини, италијански сликар.

Марта де Флориан била многу позната глумица во Париз и во станот се најдени стотици љубовни писма,а сите биле од потенцијални удварачи, вклучувајќи и премиери и претседатели.

Марта и Џовани биле љубовници, а портретот бил завршен во 1988 година, кога таа имала 24 години. Во 2010 година сликата е продадена за 3,4 милиони долари. Тоа било негово највредно дело.