Љубовен хороскоп од 15 до 21 февруари 2016

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Полната месечина во знакот на Девица ќе ги натера некои од претставниците на Зодијакот да обрнат повеќе внимание на работата и помалку на љубовта. Меркур, Сатурн и Уран исто така ќе влијаат на сите прашања поврзани со односите.0a2c85331f75f0819087095df3971d00

На крајот на неделава недоразбирањата ќе можат да бидат надминати. Повеќе видете во љубовниот хороскоп.

Овен
Во оваа недела ќе бидете зафатени претежно со работа, затоа не очекувајте многу огномет во секторот на љубовта. Ако има нешто големо што го планирате и е поврзано со кариерата, подајте му се. Љубовта оставете ја за викендот, кога може да се занесете со саканата/ниот и да надоместите за изгубеното време.

Бик
Полната месечина оваа недела ќе падне во вашиот сектор на љубовта. Некои од вас ќе ја видат вистинската страна на односите со партнерот. Можни се разделби или зацврстување на духовната врска со партнерот. Знајте дека универзумот е на ваша страна.

Близнаци
Во последните денови Сатурн се движи низ вашиот седми дом на посветеноста. За среќа оваа недела, ќе се поврзе убаво со Меркур, која е планетата на комуникацијата. Разговорите со партнерот ќе бидат исполнети со повеќе смисла и ќе откриете нови можности за врската. Уживајте во моментите заедно.b916a4945585d3503614c7511b5ff3f7

Рак
Вашиот адут оваа недела ќе биде можност да разговарате со поголема јасност. Затоа, ако има збор што сакате да разговарате со партнерот, сега е моментот. Ќе одлучите заедно како пар. Љубовната клима ќе го направи времето поминато заедно пријатно, а тоа ќе ви помогне да се откриеете еден друг.

Лав
Романсата ќе продолжи да биде дел од животот и оваа недела. Ако се наоѓате во необврзувачка сексуална врска , можно е вашата врска да прерасне во нешто убаво. Сериозна врска, заеднички соживот … очекувајте пријатни моменти.

Девица
Полната месечина во оваа недела е во вашиот знак и тоа ќе ве направи поемоционални. Како резултат секоја ситница ќе ве провоцира и тоа може да предизвика конфликти со партнерот. За среќа по недела, љубовната клима ќе се нормализира. Дотогаш внимавајте со зборовите и постапките.

Вага
Меркур се движи низ вашиот сектор на романтиката и љубовта ќе биде водечка во оваа недела за вас. Разговорите со партнерот ќе бидат силни и позитивни. Во четвртокот е можно да се земе важна одлука заедно.

Шкорпија
Со многу емоции ќе биде исполнет социјалниот живот. Полната месечина ќе влијае на пријателствата. Како резултат, ако барате свој партнер, има голема шанса да сретнете некој посебен. Во неделата благодарение на Сонцето и Нептун работите во љубовта ќе почнат да се подредуваат како за врзаните, така и за самохраните.f9aa5ed35058db86620fe979bbe4b407

Стрелец
Ви претстои прва средба со некој посебен човек за вас. Це очекуваат фасцинантни разговори, од кои ќе имате чувство дека сте се познавале цел живот. Ќе најдете многу заеднички нешта меѓу вас. Уживајте во емоциите и следете ги настаните.

Јарец
Ако се наоѓате во сериозна врска, оваа недела можеби ќе планирате патување, за што одамна сонувате. Не се исклучени конфликти меѓу вас. Простувањето и добрата комуникација се најдобро исцелување за вашата врска.

Водолија
Интимноста ќе биде главна тема оваа недела. Тој или таа може да направи нешто да предизвика чувство на несигурност. Ако тоа се случи, останете кратко време сами со себе, размислете добро и потоа споделете ги вашите чувства со партнерот ви.

Риби
Динамична ќе биде седмицата за Рибите. Полната месечина ќе фрли светлина врз љубовниот живот. Ќе блеснат недостатоци, но не заборавајте дека не треба да ја споредувате вашата врска со други врски на парови во опкружувањето. Ако се споредувате, само ќе се чувствувате лошо.