По пет часа распит, Љубе Бошкоски ја напушти зградата на Специјалното јавно обвинителство. Внатре, од тимот на Јанева бил испрашуван за случајот “Кампања”, за кој доби 5 години затвор поради злоупотреба на службената положба и незаконско финансирање на кампањата.

Неговиот адвокат за новинарите изјавил дека Бошкоски бил испрашуван детално за целиот случај кампања, но не открива колку други сведоци биле повикани за овој случај. Инаку , токму за ова дело казната му завршува на 6 јуни, а неофицијално има најави да биде пуштен и во март, три месеци пред предвидениот рок, поради законски можности.
– Бошкоски даде исказ во својство и на сведок но и на оштетен, поради бруталното однесување . на органите при неговото апсење, вели Константин Кратовалиев, адовокат на Бошкоски.
Бошкоски е осуден и на десет и пол години затвор и за случајот “Ровер”, за помагање во нарачано убиство на скопјанецот Маријан Тушевски и на неговиот возач Кире Јанев.