(ВИДЕО)Натпреварот Вилем-Утрехт бил наместен

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Холандската фудбалска федерација обелодени дека екипите на Вилем втори и Утрехт местеле фудбалски натпревар во 2009 година.

Image

Сценариото било следно – фудбалерот на Вилем, Ибрахим Каргбо се договорил со еден сингапурски државјанин неговиот клуб да загуби. Според објавената комуникација меѓу Каргбо и Вилсон Раџ Перумала, фудбалерот и уште двајца негови соиграчи требало да добијат по 25 илјади евра ако Вилем загуби со повеќе од два гола разлика. Проблемот е што мечот заврши со победа на Утрехт од 1-0, но во секој случај е потврдено дека имало местење.