Русија, Саудиска Арабија, Венецуела и Катар се согласија да го замрзнат производството на нафта на нивото од 11 јануари.

Ова го соопшти агенцијата “Блумберг”, повикувајќи се на изјава на министерот за нафта на Саудиска Арабија.

benzin

По средбата на претставници на министерствата за енергетика на четирите држави од Катар изјавија дека во наредните месеци ќе се размислува за нови мерки.

Во моментов барел од сортата “Брент” (Brent) се продава за малку над 34 долари, но во понеделникот вечерта поскапе со 6% над 35.35 долари само при веста за средба меѓу Русите и Саудијците во Катар.

“Блумберг” коментираше синоќа дека тајниот карактер на средбата во Доха потсетува на т.н.. нафтена дипломатија од крајот на 90-тите години, кога земјите од ОПЕК се договорија со Мексико за постепено намалување на приносите. Сега аналитичари и инвеститори се потпираат на ист начин на дијалогот меѓу Москва и Ријад, но и потсетуваат дека своевремено најтешките преговори продолжиле речиси една година.

Каменос: Четири “hotspot” центри на островите се подготвени, петтиот се отвора за пет дена

Очекувањата од средбата на Александар Новак со неговиот колега Али ал Наим беа дека тоа ќе е само прелиминарен разговор и дека дури и да се договорат за заеднички активности, стабилизирање на нафтениот пазар ќе потрае 12-18 месеци.

Покрај тоа четирите земји треба многу да внимаваат како ќе се однесуваат останатите производители, за да не се покаже дека им отстапиле удел во обид да ја кренат цената на нафтата.

За можно замрзнување или скратување на приносите се проговори од 10 февруари и тоа ја крена цената со 10-16%.

Слични содржини