Правдата ќе победи, овие долгови нема да останат на грбот на граѓаните.

 

И покрај одлуката на Управниот суд, со која е поништена одлуката на Државната изборна комисија, министерот Ставрески запиша нови 13,382 милиони евра и го зголеми јавниот долг на РМ за нето износ од скоро 10 милиони евра. Со петте одржани аукции, по оспорената одлука, направен е нов нето долг од 56 милиони евра.

kire-naumov

Во овој момент јавниот долг изнесува 48% од БДП.

Министерот за финансии на денешната аукција запиша износ четири пати поголем, од износот потребен за враќање на доспеаните долгови.

Во првите 36 дена од годината веќе 30% од планираниот дефицит за целата година е реализиран. 

Министерот за финансии може да продолжи да се повикува на неправосилност на одлуката на Управниот суд и со тоа да продолжи да ја задолжува самоволно државата, иако е свесен дека одлуката на Државната изборна комисија е оспорена и постои првостепена одлука на Суд, со која истата е поништена.

И покрај моите постојани добронамерни апели до клиентите на домашниот пазар, тие продолжија да запишуваат хартии од вредност повеќе од сумата потребна за враќање на доспеаните долгови.

Еден ден правдата, која е спора ама сигурна, ќе победи и оваа одлука ќе стане правосилна.

Прашањето е кој ќе ги плаќа спорните, непотребни задолжувања кои се прават во овој период.

Нема да дозволиме тоа да бидат граѓаните на Република Македонија.

Самоволното задолжување мора да престане за доброто на Република Македонија. 

Интегрален текст

 

Слични содржини