Турција размислува за испраќање на копнени сили во Сирија. Една крајно опасна авантура, која дополнително ги изострува тензиите меѓу Анкара и Москва. И од која Турција само ќе загуби, предупредуваат германски коментатори.
На сириските боишта во моментов има неколку фронта, но најопасниот е овој меѓу Русија и Турција, пишува Рајнер Херман во коментар за “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг” (пренесува DW) и продолжува:
Игра со оган
На овој фронт сеуште пулсира оној 24-ти ноември, кога Турција го симна рускиот воен авион. А рускиот претседател Путин уште не ја завршил казнената акција против својот турски колега Ердоган. Минатата недела, на пример, руската авијација ги прекина каналите на кои од Турција доаѓаше снабдување за сириски бунтовници. Од тоа освоија сириските Курди, кои од операцијата успеаја да заземат една воздухопловна база во близина на турската граница. А потоа турската армија ја подложи на оган оваа база. На овој начин Анкара го покажа својот гнев против Русија, но во исто време покажува и разочараност од фактот дека во борбата против “Исламска држава” Вашингтон очигледно се обложува повеќе на Курдите, отколку на Турција. Членката на НАТО Турција веќе дури се заканува дека ќе испрати копнени сили во Сирија, за да ги спречи сириските Курди да го заземат пограничниот град Азаз. А тоа е игра со оган, бидејќи Путин само чека следна прилика за да продолжи казнената операција, пишува во коментарот на ФАЦ.
Турција е мафиокрациja
Слични предупредувања упатува и Рајнхард Баумгартен, дописник на ARD во Истанбул. Во својот коментар Баумгартен пишува:
Секогаш може да стане и полошо. Да, мислата е банална, но се наметнува сама по себе. Анкара сериозно размислува за испраќање на копнени сили во Сирија.
Анкара е на нож со Москва, а еве што веќе влегува во конфликт и со Вашингтон. Бидејќи, за разлика од Турција, САД ги сметаат сириските Курди не за терористи, туку за ефикасен отпор против “Исламска држава”.
Политиката на Турција кон Сирија е катастрофална – и си беше таква уште пред интервенцијата на Русија во конфликтот во септември минатата година. Уште од самиот почеток Анкара ги поддржуваше само конзервативно-религиозните сунитски бунтовници. А водечко во случајот е непомирливото непријателство меѓу некогашните пријатели Ердоган и Асад. Во овој поглед речиси ништо не е променето.
Дали Турција ќе одолее на ова искушение
Релативно нова е безмилосноатабитка против нерелигиозни Курди, кои се обидуваат да завладеат големи територии во Северна Сирија. Успесите на сириските Курди го предизвикаа и неуспехот на вбатрешно-турските мировни преговори со Курдската работничка партија (ПКК). Засега сеуште нема етнички конфликт меѓу Турци и Курди, засега проблемот е само идеолошки – партијата на Ердоган, од една страна, и двете курдски партии, од друга, се разминуваат, како во поглед на светот, така и во своите погледи за јавните модел. Но тензиите постојано растат, бидејќи турската армија ги громи курдските градови, а во “војната против тероризмот” на турска земја гинат се повеќе униформирани, но и цивили.
И токму во овој момент доаѓа ескалацијата на турско-сириската граница. Со години Турција ги снабдуваше противниците на Асад и стотици илјади цивили на територијата на градот Алепо. Сегашното руско-сириска и курдско-сириска офанзива во северозападна Сирија е горчлив пораз за Анкара. И Ердоган се чувствува должен да возврати со воена интервенција.
Дај боже да не го направи, му одолее на ова искушение! Бидејќи Турција по никој начин не смее да се замешува во сириската лудило. Најмалку пак заедно со Саудиска Арабија.

