Медиумите блиски до власта формираат нов синдикат на новинари, каде што дел од медиумските работници се принудуваат на членство и против нивната волја, тврдат за БИРН претставници од медиумите-пишува Призма.

mediumi

Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираат дека „очигледно во тек е акција за формирање паралелна организација која, по теркот на Македонската асоцијација на новинари (МАН), треба да биде пандан на автентичната медиумска организација“.

Во новиот синдикат, како што дознаваме, веќе членуваат дел од новинарите и медиумските работници од телевизиите „Алфа“ и „Сител“, од весниците „Вечер“ и „Македонски спорт“, а во тек е прибирање членство и од порталот „Телеграф“.

(ВИДЕО) Хан: Затворањето на границата со Грција ќе значи нов проблем за решавањето на прашањето со името

Дел од новинарите кои одбиле да ги потпишат пристапниците, а не сакаа да зборуваат јавно, според нашите сознанија, наишле на закани од страна на главните уредници, дека ќе бидат избркани од работа, дека нема да добијат плата и сл.

„Дојде главниот уредник и рече дека колку пристапници донел во редакцијата, исто толку, само потпишани, мора да ги врати“, сведочи за БИРН новинар кој не сака да членува во новиот синдикат.

Дел од новинарите своите пристапници си ги нашле на бироата кога дошле на работа, со образложение дека до крајот на денот мораат да ги вратат потпишани. На некои од нив им било кажано и дека медиумот ќе им го плаќа членството на новинарите во новиот синдикат.

Повеќе ТУКА

Слични содржини