Девизните приходи во туризмот за деветте месеци во 2015-та споредено со истиот период во 2014-та година бележи намалување за 25 проценти.Причина за негативниот тренд велат од здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија е падот на ноќевањата на странските туристи.

Субвенциите од 10 милиони евра годишно што ги дава државата на странските тур –оператори за привлекување на туристи барем за минатата година не ги дадоа очекуваните резултати. Хотелиерите мака мачат со нелојалната конкуренција од хостели,апартмани и пансиони кои се надвор од сите категории .
Од први јануари годинава се зголемуваат субвенциите за гостите кои доаѓаат со чартер лет од Израел, Австрија ,Малезија, Јужна Кореа од 25 на 65 евра по лице. Од здружението за угостителство и туризам велат дека субвенциите за странски туристи и за ниско буџетните авио –компании даваат резултати .Но останува нејасно кој е интересот на Македонија за привлекување туристи од далечниот исток.
Проблемите со намалување на ДДВ за храна од 18 на 5 проценти,правилна распределба на туристичката такса и стимулации во хотелиерството биле дискутирани пред шест месеци со министерот за економија.Но до денеска од ресорното министерство нема никаков одговор за нивните барања велат од здружението.