Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав им се приклучија на преговарачите од работните групи за законот за медиуми во Клубот на пратеници.

132838410-35527

Дипломатите ќе се обидат да извршат притисок врз политичките партии за побрзо решавање на ова прашање.

Пред почетокот на средбата, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте рече дека се надева на решение, иако не е оптимист.

– Ќе разговараме за сите предлози од политичките партии, новинарските здруженија и од организациите. Свесен сум дека има малку време, но ќе дадеме сè од себе да го затвориме и ова прашање – изјави Ванхауте.

Засега ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да се преземе кој било европски закон и да се имплементира во македонското законодавство, додека СДСМ и ЗНМ го прифаќаат предлогот на Ванхауте./ извор Мета

Слични содржини