По сослушувањата на обвинитети за обвиненијата за злостроничко здружување од страна на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева, одбивањата на бараните мерки притвор за сите обвиниети  и сега процедурата на жалби од СЈО, во јавоста се отвори дилемата дали не е потребен и специјаен суд  ако веќе го има преседанот со  специјалено обвинителство.

Ако требаше да се отвори ново Специјано обвинителство , а имаме  ЈО постојно во системот, тогаш со истите образложенија има логика да се отовори и Специјален суд велат познавачите на оваа материја. Се тоа е доказ дека правосудниот сиситем не функционира и треба некој друг паралелно да го организира, тоа се преседани во правосудството и законодавството ,но факт е дека судството ни е селективно ,  узурпирано од политиката и нема храборст да подига обвиненија за криминалите на власта , бизнисот и политикта.Се покажа уште на почетокот  дека редовното судство исто така има резерви или „страв“ од  изрекување мерка притвор , а камоли  пресуди. До вчера се притвораа луѓе за броење овци и различни банални прекршоци сега за обвиненија  од државен и криминален интерес и се она што подлежи под графата злосторничко здружување се отфрла и се има резерва, само поради тоа што станува збор за министри и функционери на власта. Правосудната фела смета дека иако формирање на специјални тела, со веќе постојни е срам и доказ за нефункционалноста и компромитација  на судството, во име на правдата сепак ќе мора покрај СЈО да оди слична фрома или некако в пакет за организиран криминал  и Специјален суд или судии.

лисици и суд

 Судиите ранботат согласно Уставот и законите-Тие се апсолутно независни тврди претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, посочувајќи  дека не е негова работа да цени дали осомничените во предметот „Титаник“ можат да влијаат врз сведоците во истрагата.

„Не можам јас да го ценам тоа. Тоа го го цени судија кој постапува по предметот. Не е моја работа да го ценам тоа, се додека не постапувам како судија, односно не постапувам како член на Кривичен совет кој одлучува по жалбите“, рече Панчевски.

Во врска со искажаните мислења во јавноста дека паралелно на специјалното обвинителство треба да постои и паралелен специјален суд, Панчевски рече дека такво нешто би било можно до колку  се има „политичка одлука“.

„Јас не сум тој што одлучува за такво нешто. Си има Устав, си има закон. Доколку некој политички одлучи да се воведе такво нешто, како што се воведе Специјално обвинителство, така ќе се воведе и Специјален суд“, рече Панчевски.

Слични содржини